Вашето РЕШЕНИЕ за проблемите поврзани со различни индустрии

НЕБЛА КТ – Партнер на светски реномирани производители во областа на индустриски алати, опрема, системи, како и автоматизирани решенија.

Нашето портфолио опфаќа: резен и стезен алат, мерен алат, рачен алат, абразиви, 3Д мерна опрема, 3Д принт технологии, системи за безбедност, организација на продизводство-магацини / бариери, Автоматизирани решенија по Ваш нацрт

+389 70 39 45 45

ЗА НАС

НЕБЛА КТ, претставува неконвенционално решение за сите оние кои сакаат да ги следат модерните трендови и текови во рамки на машинството, секторот пластика, контрола на квалитетот и гарантирање безбедност.

Следејќи ги модерните трендови, сакаме да направиме разлика помеѓу класична трговија и обезбедување на РЕШЕНИЕ.

Она што не прави различни е тоа што нудиме целосна поддршка за секој индивидуален проект. Располагаме со врвни професионалци од областа на машинството (избор на технологија и резен/стезен алат, 3Д мерна опрема и машини, 3Д принтери).

Кога е во прашање безбедноста, не правиме компромиси!

Нудиме најсовремени решенија, опрема и консултации за Ваша заштита, заштита на Вашите вработени и соработници, како и заштита на Вашата, но и сопственоста на Вашите партнери/клиенти.

АЛАТИ И ОПРЕМА

Професионални алати и опрема

Нудиме индустриски и премиум алати, мерна опрема, работни колички и маси, како и дополнителна опрема за различни индустрии и намени.

Резен/стезен алат

Ceratizit

Веќе повеќе од 100 години Ceratizit развива и произведува сложени алати за глодање, стругање и сечење, како и решенија од тврди материјали. Понудата опфаќа високо специјализирани глодала, плочки и карбидни шипки, како и нови типови карбид и цермет за заштита, долготрајност и обработка на дрво и камен.

Gühring

Gühring е компанија со долга традиција и денес претставува еден од водечките производители на прецизни алати на глобалниот пазар. Највисокиот квалитет и продуктивност се принципите според кои производите се изработуваат уште од 1898 година.

Neriox / Futuro

Brütsch/Rüegger Tools Ltd. претставува иновативен семеен бизнис со традиција на квалитет од 1877 година, кој продолжува да следи самостоен курс на развој насочен кон долгорочен континуитет и предвидливост.

Со своите брендови Neriox и Futuro, компанијата нуди квалитетни алати и опрема со одличен сооднос цена–квалитет, кои обезбедуваат целосен квалитет и можат да одговорат на најспецифичните барања.

Можеме да понудиме:

  • глодала, бургии, плочки за глодање/стругање, држачи, урезници, нарезници и сл.
  • Нудиме можност за изработка на алати (нестандардни држачи, плочки исл.) по Ваше барање.
CeratizitGühringFuturoNeriox
ИНДУСТРИСКИ И ПРЕМИУМ АЛАТИ

Рачен алат

Нудиме различни решенија на индустриски и премиум алати за различни индустрии и намени.

Во нашата понуда можете да најдете алат од најреномираните производители, како што се Stahlwille, WERA, WIHA, PB Swiss Tools, FACOM, GEDORE и многу други.

Она што нè прави различни е нашата програма на алат FUTURO и NERIOX.

Подетално за нашата програма
FUTURO NERIOX рачен алат
МЕРЕЊЕ И КОНТРОЛА

Мерен алат и опрема

Кај нас можете да најдете различни решенија за мерење и контрола на Вашите производи/процеси.

Во понуда имаме опрема од најреномираните производители како Mitutoyo, TESA, MAHR, Sylvac, но можеме да понудиме и од нашите сопствени брендови: FUTURO и NERIOX.

Во нашата понуда има:

Шублери Длабинометри Микрометри Сетови за мерење Тест индикатори Мерачи на дебелина Уреди за мерење Микроскопи и многу повеќе
Подетално за мерниот алат и опрема
ОПРЕМА ЗА РАБОТНИОТ ПРОСТОР

КОЛИЧКИ / РАБОТНИ МАСИ

Во нашата понуда располагаме со работни колички и маси за различна намена, држачи за NC алати и држачи и слично.

Исто можеме да понудиме решенија по ваша мерка.

Погледнете ја целосната понуда
ДОПОЛНИТЕЛНА ПОНУДА

ОСТАНАТО:

Дополнително може да понудиме:

ТЕХНОЛОГИИ

FDM технологија

Polyjet технологија

Стереолитографија

SAF технологија

P3 технологија

3D печатење

3D печатење или адитивна технологија за производство е начин за изработка на предмети директно од дигитална датотека.Традиционалното производство се потпира на технологии кои изработуваат предмети директно од поголеми блокови, слоеви материјал или скапи калапи/алати.За разлика од тоа, 3D печатењето е процес на изработка на предмети слој по слој.

Примена на 3D печатење

3D печатењето опфаќа различни методи и технологии како што се екструдирање на пластика, инјектирање на полимери, ласерско синтерирање. Некои технологии се користат за специфични намени како што се дизајн на накит или моделирање на забни протези. Повеќето технологии се користат во индустријата за изработка на модели, функционални прототипови, производство на алати и готови функционални делови.

Во примена во производството, 3D принтерите обезбедуваат голем капацитет на печатење, врвна прецизност и димензионална постојаност на материјалите. За визуелни апликации како што се дизајн на производи, уметност и специјални ефекти, погодни се 3D принтери кои имаат можност за печатење на повеќе бои и материјали истовремено за импресивно реален отисок на моделите.

FDM технологија за 3D печатење

Основачот на Stratasys, Скот Крамп, ја патентирал FDM технологијата пред повеќе од 20 години, а Stratasys од тогаш продолжил да води револуција во 3D печатењето. FDM гради концептуални модели, функционални прототипови и делови за конечна употреба од различни типови термопластики, од стандардни до пластики со високи перформанси. Ова е единствената професионална технологија за 3D печатење која користи термопластики индустриски квалитет, а деловите се стабилни во механички, термички и хемиски својства.

Принцип на изработка на модели со FDM технологија

3D принтерите кои користат FDM технологија ги градат моделите слој по слој од основата кон врвот, загревајќи и истискувајќи термопластични влакна.Процесот е едноставен:

Пред-продукција:

Софтверска изработка на припремни сегменти и позициите од 3D CAD датотека и пресметување на патеката за истиснување термопластика и евентуално потребниот потпорен материјал.

Продукција:

3D принтерот ја загрева термопластиката до полутечна состојба и ја таложи во ултра-фини слоеви долж патеката на екструдерот. На местата каде што е потребна поддршка, 3D принтерот поставува материјал кој дејствува како скела и лесно се отстранува по завршувањето на процесот.

Пост-продукција:

Корисникот го отстранува потпорниот материјал, го отстранува механички или со раствор, и делот е подготвен за употреба.

Предности на FDM технологијата

  • Технологијата е чиста, едноставна за употреба и дури и во канцеларија
  • Термопластиката што се користи е индустриски квалитет, механички и еколошки стабилна
  • Комплексни геометрии и шуплини кои инаку би биле проблематични не претставуваат проблем за FDM технологијата

FDM Термопластика

FDM технологијата користи истата испробана и проверена термопластика која се наоѓа и во традиционалните производствени процеси. За апликации кои бараат многу мали толеранции, цврстина и стабилност или специјални својства како што се биокомпатибилност и отпорност на температура – за тоа постои соодветна FDM термопластика.

PolyJet технологија за 3D печатење

PolyJet технологијата е метод на адитивно производство кој создава глатки, прецизни прототипови, делови и алати. Со резолуција на слој од 16 микрони и прецизност од 0,1 мм, може да произведе тенки ѕидови и сложени геометрии користејќи најширок спектар на материјали..

Принцип на изработка на модели со PolyJet технологија

PolyJet 3D печатењето е слично на инкџет принтер, но наместо распрскување капки боја на хартија, PolyJet 3D принтерите на подлогата нанесуваат слоеви течен фотополимер. Процесот е едноставен:

Пред-продукција:

Софтверот од 3D CAD датотека ја подготвува и автоматски пресметува нанесувањето на фотополимерот и потпорниот материјал.

Продукција:

3D принтерот прска и истовремено со UV-светло ја фиксира капката течен фотополимер. Фините слоеви се акумулираат на површината за изградба и создаваат прецизен 3D модел. На местата каде што се потребни удлабенки или сложени форми кои бараат поддршка, 3D принтерот нанесува потпорен материјал во форма на гел кој лесно се отстранува.

Отстранување на потпорниот материјал:

Корисникот лесно го отстранува потпорниот материјал рачно или со вода. Моделите и деловите се подготвени за работа и користење директно од 3D принтерот без потреба од дополнителна обработка.

Предности на PolyJet технологијата

PolyJet технологијата за 3D печатење нуди многу предности за брза изработка на прототипови, алати па дури и производствени делови, вклучувајќи неверојатно фини детали, глатки површини, брзина и прецизност.

  • Креирајте глатки, детализирани прототипови кои пружаат естетика на готови производи.
  • Произведете краткорочни производствени алати и помошни средства за фиксирање
  • Направете сложени форми, комплексни детали и глатки површини.
  • Вклучете бои и разновидни својства на материјалите во еден модел со најголема разновидност на материјали

3D печатење во боја и со различни материјали

Најнапредниот систем на Stratasys користи повеќе различни материјали истовремено, така што можете да вградувате различни својства – па дури и бои – во вашите 3D модели.

Со J850 Prime, можете да комбинирате цврсти материјали и флексибилен Agilus30™ материјал за да симулирате различни „Shore A“ тврдост; да мешате бои од Vero™ групата (цијан, магента, жолта) за да добиете различни нијанси; а дури и да користите флексибилни материјали во боја за да создадете живописни, флексибилни прототипови кои изгледаат сосема како готови производи. Креирајте ергономски алати и помошни средства за фиксирање кои комбинираат цврсти материјали со гумени, рапави површини и прецизни детали како навои.

Со стотици комбинации на дигитални материјали и бои кои можете да ги изберете, PolyJet технологијата ви овозможува подобра естетика на прототиповите и готовите производи отколку било која друга технологија за 3D печатење.

Стереолитографија – технологија за 3D печатење

Стереолитографија (SLA) е еден од изворните процеси на 3D печатење кој се користи и денес поради својата точност и брзина. Во индустриското производство, SLA најчесто се користи за изработка на прототипови големи димензии, тестирање форми и функционалности, како и за изработка на калапи за разни технологии на леење. Покрај тоа, може да се користи за производство на ситни, тенкозидниделови со голема брзина и точност

Принцип на изработка на модели со технологијата на Стереолитографија

Процесот на изработка со Стереолитографија овозможува голема слобода за корисникот при избор на градежни параметри. Со неколку пробни примероци, можете да го оптимизирате производствениот процес според вашите потреби.Процесот е едноставен:

Пред-продукција:

Софтверот за подготовка на 3D печатење автоматски ги избира поставките, кои потоа можат да се прилагодат. Во овој чекор се дефинира патеката, силата и брзината на ласерскиот зрак.

Продукција:

Во овој чекор, уредот го полимеризира материјалот со ласерски зрак, слој по слој. Во секој градежен слој, ласерот истовремено полимеризира моделот и потпорните структури. По завршувањето на обработката, се подигнува платформата за да се олесни отстранувањето на готовиот 3D печатен модел.

Отстранување на потпорниот материјал:

Отстранување на потпорниот материјал: Корисникот може рачно или со соодветен алат да ги отстрани потпорните структури, и рачно или со машина да ја изглади контактната површина на моделот што билаво контакт со потпорниот материјал.

Предности на Стереолитографија (SLA)

SLA технологијата за адитивно производство е сигурен, брз и прецизен процес за изработка на модели. Благодарение на машините со робусна конструкција, SLA технологијата за 3D печатење може да изработи модели тешки до 120 килограми во еден печат. Покрај директното производство, посебни смоли можат да се користат за разни технологии на леење како почетен чекор, бидејќи одредени материјали имаат остаток на пепел од само 0.001%.

  • Создавајте производи со фина завршна обработка директно од уредот, без потреба од дополнителна обработка
  • Широк спектар на материјали од различни производители овозможува избор на прозирни, флексибилни или механички цврсти материјали
  • Ослободете се од класичните ограничувања при производство на леарски структури со комплексни геометрии, искористете ги предностите што ги овозможува адитивното производство
  • Значително намалете го времето и трошоците за вас и вашите клиенти при мали и средни серии

3D печатење на индустриски начин

Компанијата Stratasys има долгогодишно искуство во индустриското производство и ги разбира проблемите што индустријата ги поставува. Оваа технологија е тестирана во многу производствени погони и се покажала како незаменлива во директното производство или како помошен алат во многу ситуации.

Со можноста за фино прилагодување на поставките на градење на моделот, можете да го оптимизирате производствениот процес, како што би направиле и со сите други алатни машини. Од изборот на висината на слојот, па до изборот на материјал, машините со SLA технологија обезбедуваат брзо и сигурно производство без непотребни трошоци.

SAF – технологија за 3D печатење

SAF технологијата е базирана на основните идеи на 3D печатење со топење полимерен прав, но носи широк спектар на подобрувања.SAF технологијата се карактеризира со три клучни карактеристики: термичка стабилност и униформност низ целиот обем на градење, помала термичка оптеретеност на не-синтерираниот полимерен прав и можност за користење течности за апсорпција на зрачење кои не се базирани на вода. Одржувањето на машината е многу едноставно, бидејќи главите не се потрошни, туку трајни делови. Дополнително, за нивно чистење не се користат физички бријачи, така што се намалува трошокот на експлоатација на машините.

Сето ова обезбедува многу висока густина на пополнување на волуменот и врвна контрола на внесот на топлина. Резултатот се машини со голема брзина и економичност, кои произведуваат делови со извонредна димензионална стабилност. Ова ги прави машините на SAF технологија оптимален избор за производство на мали и средни серии производи за конечна уградба и користење.

Принцип на изработка на модели со SAF технологијата:

Подготовка:

Внесуваме CAD датотеки во софтвер за подготовка на 3D печатење. Напредните софтверски алатки потоа автоматски ги организираат производствените обеми за идеално искористување на капацитетот на уредот. Се дефинираат поставките за печатење и податоците се испраќаат на 3D принтерот.

Градење:

Уредот во еден премин со два носачи нанесува полимерен прав, потоа HAF апсорпциона течност и веднаш го озрачува со инфрацрвено зрачење. Овој систем ја покрива целата површина на работниот обем, што овозможува голема брзина при печатење на секој слој. По завршувањето на печатењето, изработените делови остануваат заробени во правот.

Доработка на изработките:

По процесот на ладење, го отстрануваме правот со усисувач и го враќаме неискористениот прав во оптек. Ова осигурува економична потрошувачка на материјалите. Кога деловите ќе бидат извадени од правот, тие се подготвени за употреба. Заедно со овој уред може да се набави и систем за завршна обработка, кој вклучува сите потребни алатки, па дури и систем за бојадисување со силни, живописни бои.

P3 – технологија за 3D печатење

P3 технологијата е логичен наследник на широката палета на машини кои полимеризираат смола во отворен резервоар. По SLA, DLP, LCD и многу слични технологии, P3 носи напредок во контролата на целиот процес. Пневматската контрола на FEP филмот, повеќе од 25 сензори за надворешни и внатрешни услови, врвни извори на UV светло и одлична контрола на сите параметри со интуитивен софтвер значат дека оваа машина ги надминува ограничувањата на традиционалните фотополимерни технологии.

Принцип на изработка на модели со P3 технологијата:

Подготовка:

Внесуваме CAD датотеки во софтвер за подготовка на 3D печатење. Напредните софтверски алатки потоа автоматски го организираат производствениот обем за идеално искористување на капацитетот на уредот и ги поставуваат оптималните параметри за производство за избраниот материјал. Се дефинираат поставките за печатење и податоците се испраќаат на 3D принтерот.

Градење:

Уредот користи UV светло и широк спектар на сензори за да полимеризира целосен пресек на објектот одеднаш, со врвна точност, прецизност и повторливост. На основа на детални мерења, се постигнува оптимална брзина на изработка, неколку пати поголема од конкурентните уреди. По завршувањето се добива изработка која бара значително помалку завршна обработка во споредба со постарите технологии.

Доработка на изработките:

По изработката, постојат неколку дополнителни чекори. Прво го перемеобјектот со изопропил алкохол за да го отстраниме вишокот на смола. Потоа рачно ги отстрануваме потпорните структури, ако биле потребни, и го завршуваме процесот на постобработка со кратка дополимеризација во UV печка. Во пакетот со уредот се нудат сите дополнителни алатки потребни за квалитетна завршна обработка.

Предности на P3 технологијата:

Благодарение на напредни сензори и актуатори, како и на современи материјали, овој уред има значително поширок спектар на примена од технологиите SLA, DLP и LCD. Со површина како кај пластика добиена со вбризгување и механички својства што ги задоволуваат сите апликации, објектите произведени со P3 технологија се подготвени за употреба веднаш.

ПРОФЕСИОНАЛНИ 3D РЕШЕНИЈА

Услуги

Нудиме професионални услуги за 3D печатење, скенирање, мерење, моделирање и развој, приспособени според потребите и специфичностите на Вашиот проект.

3D печатење / Адитивно производство

Нашата услуга за 3D печатење и брза изработка на прототипови се базира на процена на Вашите потреби. Врз основа на CAD геометријата и намената на моделот, ќе Ви предложиме оптимална технологија за негова брза и прецизна изработка.

Rapid prototyping овозможува директно од дигитален CAD модел да се создаде физички, функционален и комплексен прототип. За разлика од CAM обработката, каде материјалот се отстранува, кај адитивното производство моделот се гради постепено, слој по слој.

Технологии што се користат:

3D скенирање и мерење на облици и деформации

Во соработка со нашиот партнер ZEISS Ви нудиме скенирање на физички објекти и нивна дигитализација. Процесот се изведува со современи оптички 3D скенери и метода со две камери и проектор со сино кодирано светло, што овозможува брзи и прецизни резултати.

Скенирањето може да се приспособи на различни димензии и типови објекти, вклучувајќи проѕирни, сјајни и сложени површини. Резултатот е дигитален модел составен од облак на точки, подготвен за дополнителна анализа и обработка.

Можности на 3D скенирањето:

  • Различни мерни волумени
  • Точност до 0,01 mm
  • Поврзување повеќе скенирања
  • Скенирање при дневна светлина
  • Проѕирни и сјајни објекти
  • Внатрешна геометрија
  • Постпроцесирање на скенот
  • Отстранување недостатоци

Услуга за 3D мерење

Друг вид употреба на 3D скенерот е метрологијата. Со прецизни мерни волумени може да се постигне точност на резултатите до 0,01 mm.

Со споредување на скенираниот објект со CAD моделот, точно се утврдуваат отстапувањата во геометријата и се лоцираат грешките во изработката. Во специјализиран софтвер можеме да мериме и геометриски толеранции на обликот и положбата – GD&T.

3D моделирање и развој

Заедно со нашите партнери подолго време работиме на 3D моделирање и развој. Доколку Ви е потребна доработка на концепт, моделирање или претворање на 2D документација во 3D документација, Ви стоиме на располагање.

Нашето искуство опфаќа проекти од бродоградба, нафтена и автомобилска индустрија, медицина, алатничарство и леарство. Без разлика дали станува збор за комплексен склоп или само еден дел, можеме да го конструираме и подготвиме потребниот технички модел.

Изработка на макети

При презентација на големи проекти често се потребни реалистични макети со кои клиентите полесно можат да го согледаат проектот. Адитивната технологија овозможува брза, лесна и прецизна изработка, а нашиот тим учествува во сите чекори од производството.

Располагаме со повеќе технологии на индустриски 3D принтери кои овозможуваат изработка на макети со високо ниво на детали, форма и боја. Можеме да изработиме сложени композиции, делови од мебел, производи, терени и урбанистички планови.

Посредување – калапи и пластични производи

Соработуваме со врвни алатничари, специјализирани за изработка на алати за пластика, со можност и капацитет за изработка на алати за бризгана и дувана пластика. Овозможуваме и тестирање на алатите за бризгана пластика кај нашите партнери.

Соработуваме со врвни компании од областа на пластиката, кои произведуваат бризгани, екструдирани и дувани делови. Според барањата на клиентот и спецификацијата на апликацијата, предлагаме компании специјализирани за соодветната примена.

Производи

3D Принтери Stratasys

Целосно е различно да имате идеја во вашата глава и да ја држите во раката или да ја ставите во раце на вашите соработници.

3D принтерите го забрзуваат вашето размислување. Забрзувајте го вашето движење. Намалете ги трошоците.

Од поединечни дизајнери, преку соработка во процесот на развој, до самото производство, Stratasys има во понуда 3D принтер кој може да ги задоволи вашите барања. Небла КТ во својата понуда има професионални уреди за 3D печатење кои се протегаат од категоријата која служи за брза изработка на прототипови –Rapid Prototyping, па до категоријата за директна дигитална производство од 3D модел – Direct Digital Manufacturing или Additive Manufacturing.

Со своето долгогодишно искуство во областа на примената на технологиите за 3D печатење во процесите на развој и производство, на нашите партнери и клиенти им обезбедуваме врвен ниво на услуга и пренос на знаење, што на крај резултира со брза и ефикасна имплементација на технологиите и намалување на поврзаните трошоци.

3D Принтери UltiMaker

Во UltiMaker веруваат дека секој може да биде иноватор. Како глобален лидер во класата на стони 3D принтери, UltiMaker постави стандарди за доверливост и едноставност во управувањето со процесот на 3D печатење, обезбедувајќи ефективни решенија за сите фази на изработка на моделите.

Метрологија

Во соработка со меѓународни водечки компании кои се во областа на метрологијата можеме да понудиме иновативни решенија за мерење, контрола и анализа.

Нашите производи се стремат кон совршенство, при што целта е да создадеме вредност за клиентите и да овозможиме прецизна контрола на производите и процесите во различни индустрии.

Што можеме да понудиме:

  • CMM и мултисензорски CMM
  • Оптички системи
  • CT и X-ray системи
  • Индустриски микроскопи
  • Автоматизирани и роботски решенија
  • Софтвер
  • Услуги со додадена вредност
Повеќе
ZEISS метрологија и мерна опрема

Безбедносни системи

Во Troax, го комбинираме богатото наследство со иновативниот дух, за да создадеме посигурни средини во различните индустрии ширум светот. Од нашите скромни почетоци во мало шведско село до прераснување во глобален лидер во решенијата за заштитни мрежни панели, нашето патување е придвижено од единствена тамисија: да ги заштитиме луѓето, имотот и процесите. Нашата приказна е приказна за бескрајна иновација, непоколеблива посветеност кон квалитетот и длабок респект кон планетата.

ШТО НУДИМЕ:

Алатни челици, стандардни куќишта / елементи

НУДИМЕ стандардни и специјални плочи (врз основа на барањето на клиентите) за изработка на алати/калапи за пластика, штанци и други алати од различни типови на материјали. Нашите можности вклучуваат: калени челици, обработка на машини со 4 оски. Материјалите се предмет на комплетно контролиран процес. Нудиме решенија за:

  • - алати (пластика)
  • - штанци
  • - специјална обработка

Ваш доверлив партнер за ВИСТИНСКИ ЧЕЛИК! Материјали 1.2343, 1.2344 (исто ESR/ESU) и 1.2379 сега на располагање за итна испорака. Сертифицирани челици со Западноевропско потекло, во “мека“ состојба за понатамошно калење.Исто нудиме иноксни челици 1.2085, 1.2083, како и закалени: 1.2738HH, 1.2714HH.Други алатни челици: 1.0570, 1.1730, 1.2312, 1.2311, 1.2162, 1.2842, 1.2714, 1.2738, 1.2767, TOOLOX33, како и алуминиумски легури7075, 7022 кои чекаат на Вас!

Во нашиот асортиман може да понудиме:

Опрема за пластика

На полето на изработка на дизни, шнеки и млазници, застапуваме врвни европски производители, кои имаат решение за сите типови на машини за изработка на пластика. Дополнително нудиме поддршка на полето на избор на сушари, транспортери, резервоари за материјал (гранулат), уреди за регулирање на температура на алат, регулирање на топли дизни, индустриски чилери, транспортни траки и сл.

Во нашиот асортиман може да понудиме:

Kinghou – системи за брза промена на калапи

Suzhou Kinghou Intelligent Equipment Co., Ltd е кинеско национално високотехнолошко претпријатие специјализирано за истражување и развој, производство, продажба и сервисирање на опрема за брза промена на калапи/алати.

Kinghou е меѓу првите компании што го воведоа концептот на „отвореност на технологијата и постпродажните услуги“, со цел да им помогне на претпријатијата во стандардизација на калапите и автоматизација на нивната промена. Компанијата на своите клиенти им обезбедува комплетни и сигурни решенија за автоматизирана промена на калапи.

Kinghou систем за брза промена на калапи
Kinghou магнетна плоча за калапи

Главните производи на компанијата вклучуваат:

  • Хидраулични системи за брза промена на калапи
  • Магнетни системи за брза промена на калапи
  • Колички за промена на калапи
  • Интегрирани решенија за промена на калапи со едно притискање на копче

Компанијата може да им понуди на своите клиенти широк спектар на производи, вклучувајќи и решенија изработени според специфичните барања на корисниците.

Tekno-Met брзи спојки

Брзи спојки

Tekno-Met започна со производство на брзи спојки во 2003 година. Како компанија која долги години е присутна на пазарот со производство на брзи спојки, Tekno-Met зазема значајно место во машинската индустрија благодарение на својата посветеност на квалитетот и одлучноста за успех уште од самото основање.

Во 2016 година, Tekno-Met го прошири својот производствен асортиман со приклучување на компанијата TMS, а во 2021 година воспостави сопствен производствен погон со 5.000 m² затворен производствен простор. Со фокус на иновации и инженерски решенија, компанијата продолжува со своите деловни активности преку континуирано унапредување на процесите и брзо зголемување на производствените капацитети.

Производна програма

Гранулати

Во нашата понуда исто нудиме широк асортиман на полимерни материјали за различни техники на преработка, од светски реномирани производители како што се: Rompetrol, Versalis, Taro Plast, MOL, Carmel Olefins, HIP Petrohemija, Sidpec, PCC Group, Ethydco, Elix, Tabriz Petrochemical i Viba.Поголемиот дел од материјалите се на располагање, во зависнот од количините. Во договор со клиентите организираме испорака на подрачјето на регионот Србија, Македонија, Албанија и Косово.

Индустриски решенија и автоматизација
ИНДУСТРИСКИ РЕШЕНИЈА

Индустриски решенија / Автоматизација

Во соработка со партнерите нудиме комплетни индустриски решенија.

Имаме позади себе реализирани голем број на проекти за автоматизација на различни производни линии

Гарантираме доверливо производство и траен квалитет

Дополнително можеме да понудиме:

Погонска технологија

Повеќе

Хидраулични цилиндри

Повеќе

Елементи

Повеќе

Технологија за амортизација и вибрации

Повеќе

СОФТВЕР

nTopology

Нова генерација на дизајн и инженерство. nTopology е програм за моделирање развиен за дигитално производство

Што претставува nTopology?

  • Подобра метода за моделирање
  • Побрзи итерации
  • Интеграција во Вашиот процес
  • Достапно, лесно за разменување и повторно употребливо

Geomatic Design X

Најбрзиот пат од скенирање до CAD модел.

Што нудиме:

  • Врвна компатибилност
  • Корисни и употребливи податоци
  • Едноставен за учење (10x побрзо до CAD модел; 7 формати за експорт во CADч 14500+ корисници)

GrabCAD Print

Запознајте се со новата верзија на софтвер за адитивно производство – GrabCAD Print Pro.

Премиум верзијата на GrabCAD Print™, GrabCAD Print Pro™ поддржува производство на делови за крајна употреба или прототипови кои се користат во услови на контролирани процеси. Тоа вклучува подобрени моделикако што се: сентар за точност, предлози за производство, апликациски додатоци за трети страни и проценка на трошоците по парче за збирно производство.
*Достапен за FDM™ i SAF™ 3D принтери.

Што го прави KeyShot различен?

KeyShot е развиен како би се олесниле 3D рендери и анимации. Овозможува лесно избирање на материјали и осветлување на најпрецизни решенија. Едноставен и интуитивен интерфејс, овозможува во целост да ги искористите предностите кои овој програм го овозможува.

Дознајте што Ви овозможува KeyShot?

  • Насочете се на она што сакате да го изработите
  • Прикажете ги Вашите идеи веднаш
  • Пореални од стварноста
  • Искористете го секој атом
  • Осветлете правилно
  • Рендер во реално време
  • Оставете ги сите без здив

Можности:

  • CPU или GPU рендери
  • Прочистување на шум
  • Прецизно точен
  • Глобално осветлување
  • Фокусирана каустика
  • HDRI осветлување
  • Професионален избор на бои
  • И мн други придобивки...

ZW3D

ZW3D е програмски пакет за CAD конструирање на едноставни и сложени делови и склопови. Ги поседува сите предности на модерните CAD програми и повеќе, како би го замениле лесно програмот кој го користите во моментот.

ZW3D може:

  • Да ствара скици и тела, склопови, под-склопови, технички нацрти и останати основни елементи на современите CAD алатки
  • Брзо скицирање на комплексни склопови или прецизно дизајнирање на сложени машини
  • Да генерира алати за бризгање на пластика со неколку кликови
  • Да ја “отвори“ формата на завитканиот лим
  • Да генерира движења на алатите за 5-осна машинска обработка

YIZUMI – Глобален лидер во решенија за пластика / гума

YIZUMI не е само светски производител на средно‑до‑висококласни машини за пластика, туку и водечки снабдувач на целосни „turnkey“ решенија во сегментот на машини за пластика, гума. Со посветеност кон иновации, YIZUMI се стреми да се развие во светска и респектабилна компанија, водечка по обем и влијание во индустријата.

“Die cast“ / формирање на метал

Паметно производство

Напредна индустриска технологија за бризгање – Системи и Услуги со врвен квалитет

140.000+
машини кои работат ширум светот
800.000 м²
производствени капацитети
12
претставништва/фабрики ширум светот
5000+
вработени
90+
држави и региони каде сме активни

(Германија, САД, Индија, Виетнам, Бразил, Таиланд, Русија, Турција, Мексико, Унгарија, Италија, Индонезија)

Небла е регионален партнер на Yizumi, нудејќи квалитет, поддршка и сервис во секое време!

YIZUMI SpaceA

YIZUMI индустриски 3D печатач SpaceA

Обезбедуваме роботски апликации и интелигентни производствени решенија за индустриски производствени процеси во различни индустриски гранки, со цел значително намалување на производствените и оперативните трошоци.

SpaceA им овозможува на производителите да ги надминат ограничувањата на традиционалните алати и калапи и директно да преминат кон ефикасно, скалабилно и економично производство. Со комбинирање на адитивно производство базирано на термопластичен гранулат, индустриска роботика и интелигентно управување со процесите, SpaceA обезбедува перформанси на индустриско ниво и исклучителна економска ефикасност.

Висока продуктивност (капацитет на екструдирање до 20 kg/h)

Индустриска прецизност (точност на позиционирање од 0,05 mm)

Флексибилност во изборот на материјали (обработка на стандардни термопластични гранулати)

Подготвеност за автоматизација (целосна интеграција во автоматизирани производствени системи)

Разновидност на материјали

Со обработка на стандардни термопластични гранулати што се користат во процесите на вбризгување на пластика, SpaceA поддржува исклучително широк спектар на полимерни материјали, почнувајќи од флексибилни TPU еластомери и инженерски материјали како PP и PA, па сè до високоперформансни полимери како PC, PEEK и композити армирани со влакна.

Ова им овозможува на производителите да изберат материјал во согласност со специфичните барања на примената, вклучувајќи механичка цврстина, жилавост, термичка отпорност, флексибилност и хемиска отпорност.

Материјали за SpaceA

Клучни придобивки

Производство без потреба од традиционални калапи

Намалени инвестициони и оперативни трошоци

Брза изработка на прототипови, алати и функционални делови

Можност за производство на големи и сложени компоненти

Интеграција во современи автоматизирани производствени линии

Опрема и системи за пластика

Напредна опрема и системи за пластично обликување. Фокус на иновативност, ефикасност и сигурност во технологијата на обликување.

Опрема за обработка на пластика

Решенија за производство

Вентилација на калапи

Вентилација на калапи

  • Зголемување на вентилацијата на калапот до 80%
  • Намалување на притисокот во калапот
  • Намалена потрошувачка на енергија
  • Помалку потреба за одржување
  • Намалување на дефектите во квалитетот на производството
Solution items - Matsui Europe

Небла е регионален партнер на Matsui, нудејќи квалитет, поддршка и сервис во секое време!

ДОКУМЕНТАЦИЈА И ПРОИЗВОДНИ ПРОГРАМИ

Каталози / Брошури

Погледнете ги каталозите, техничката документација, CAD моделите и производните програми на нашите партнери.

CERATIZIT eCatalog 2026

CERATIZIT eCatalog

Каталог за алати за сечење, обработка и стегање, со производни информации и технички податоци.

eCatalog 2026 EN
Brütsch-Rüegger ToolBook

Brütsch-Rüegger ToolBook

Каталог со професионални алати, мерна опрема и решенија за индустриска примена.

BRW ToolBook
TROAX CAD модели и брошури

TROAX CAD модели и брошури

CAD модели, каталози, технички брошури и документација за TROAX системите.

Downloads – TROAX
Gühring Navigator

Gühring Navigator

Дигитален Navigator за избор на прецизни алати и пронаоѓање соодветни решенија според конкретната примена.

Gühring Navigator
НЕБЛА КТ презентација

НЕБЛА КТ презентација

Погледнете ја презентацијата на НЕБЛА КТ и дознајте повеќе за компанијата, понудата и решенијата што ги обезбедуваме.

Преземете ја презентацијата Преземете ја презентацијата
NERIOX каталог 2026

NERIOX каталог 2026

Професионални алати – целосната производна програма на NERIOX за 2026 година.

Преземете го каталогот
FUTURO каталог 2026

FUTURO каталог 2026

Алати за прецизна обработка, мерење и монтажа – целосната производна програма на FUTURO за 2026 година.

Преземете го каталогот
Tekno-met каталог

Tekno-met каталог

Брзи спојки и решенија за поврзување на медиуми во индустријата.

Преземете го каталогот
Kinghou каталог

Kinghou каталог

Системи за брза промена на калапи и алати – хидраулични и магнетни системи, колички и комплетни решенија.

Преземете го каталогот

Вашето решение за проблемите поврзани со Вашите проекти и процеси ќе го пронајдете тука!

За било какви прашања или доколку сакате да добиете понуда, не двоумете се и контактирајте нè.

Партнери

Контакт

Адреса:

Бул. 3та Македонска Бригада бр. 54, 1000, Скопје

Е-маил:

info@nebla-kt.mk

Телефон:

+389 70 39 45 45

Име и презиме
Телефонски број
Email
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
An error has occurred. Please try again.
Your quote request has been sent successfully. Thank you!